01 Мај, 2024
0.0270

АКО УШТЕ НЕ ВИ ОДГОВОРИЛЕ ЗА КАРТИЧКИТЕ, БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ - институциите ќе го проверат секој приговор

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

До вчера се издадени вкупно 55 илјади платежни картички, што значи толку граѓани веќе ги користат активно и плаќаат со нив.

Односно, 10,7 милиони евра се веќе исплатени и се наоѓаат на наменските сметки на граѓаните, соопшти во своето видеообраќање министерката за финансии Нина Ангеловска.

Во врска со приговорите до Генералниот секретаријат, Ангеловска соопшти дека од вкупно добиени 50 илјади мејлови, 20 илјади се веќе одговорени, и тие биле повеќе прашања, во врска со подигнувањето на картичките, нивното активирање и слично. 

Останатите 30 илјади се матични броеви кои се распределени до соодветните надлежни институции, Министерството за труд, УЈП, Агенција за вработување и Министерството за образование, кое собираше листи. Сите граѓани кои ги исполнуваат условите, доколку по проверката се востанови дека треба да ја добие картичката, таа ќе му биде доделена. 

„Очекуваме дека до крајот на оваа недела институциите ќе ги направат проверките, и сите граѓани на кои им следува картичка, ќе ја добијат. Никој нема да биде заборавен. јавноста за се навреме ќе биде информирана“, нагласи првата финансиерка. 

Таа им се заблагодари на трпението на граѓаните.

Таа аперлираше граѓаните да не чекаат редици во банките, туку да ги добијат информациите од веб страните на банките. Сите ќе ги добијат своите картички.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?