Ако сте добри во овие професии Канада ве чека
Објавено во: Економија, Свет 12 Ноември, 2016
Победата на Доналд Трамп на изборите за претседател во САД поттикна лавина пишувања во медиумите за преселувања во Канада.
Во оваа земја се бараат илјадници квалификувани работници.
Токму од овие причини, многу луѓе од странство се селат во Канада, а земјата има обврска овој процес да го среди за 6 месеци.
Пријавите за програмата Express Entry се бодуваат врз основа на познавање на јазик, вештини, искуство, образование.
Програмата постои од 2015 година и по неа може да се види дека луѓето до одредени професии полесно се снаоѓаат во Канада.
Се бараат сметководители, ревизори, графички дизајнери, професори, предавачи, готвачи, угостителски работници, консултанти и друго.