19 Мај, 2024
0.0351

АКО СЕ ПОДОБРИМЕ: За три децении блиску до стандардот на ЕУ?!

Објавено во: Економија 29 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

На Македонија ќе и требаат најмалку 30 години со годишен раст од 4, 5 проценти за да стаса до нивото на земјите од Европската унија, пресметале стручњаците на Светска Банка. Причини за тоа што Македонија не може да оствари значајни стапки на раст има многу. Дел од нив се лоцираат во неповолната структура на задолжувањата. Еден од експертите на банката вели дека задолжувањата се добри само ако се вложат во инвестиции што нпосат развој, а не за плати и пензии. Македонија има простор да се задолжува, но клучното прашање е за што ќе се трошат парите. Јавниот долг е двојно зголемен од пред 7 години. Светска банка констатира дека економскиот раст од 3,2 % е задоволителен во овој момент, но дека темпото е забавено. Се констатира и намалување на трговскиот дефицит, а извозот се движи по стабилна рута. Во извештајот стои дека од 2009 година, буџетската реализација е под проектираното ниво,  а структурата на трошењето останува неповолна. Повеќе пари се трошат за пензии, плати и социјални трансфери отколку за капитални инвестиции. За невработеноста, се вели дека таа се намалува, но дека е енормно висока кај младите луѓе, каде изнесува 47 шроценти. Младите би требало да бидат најработоспособно население. Тоа во Македонија не е случај. Светска Банка нотира низа политички предизвици, кои дојдоа како плод на повеќе месечната политичка криза предизвикана од објавата на прислушуваните разговори, по што следуваше договорот од Пржино.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа