03 Мај, 2024
0.0247

Ако сакавте да влезете во бизнис со аронија, еве како изгледа тоа

Објавено во: Финансии 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Ја засадиле аронијата на земјиште кое го наследиле. Закупиле стар погон и со помош на мајстори направиле нова технологија. Првите садници ги купиле од мештаните во Горен Милановац а првите сокови ги произвеле од сировини увезени од Полска. Бизнисот го развивале без кредит и помош на државата, вложувајќи ја својата заштеда. Заедно со кумовите ја основале фирмата „Аронија Вита“ и создале семеен бизнис од кој денес живеат две семејства-Богичевиќ и Неделковиќ.

„Афинитетот и љубовта кон здравиот начин на живот, интересот за огрански производи и заборавени стари билни култури беа мотив да започнеме со приватен бизнис. Со тоа и желбата за економска самостојност, која може да ја понуди приватниот бизнис, доведоа до идејата за основања на фирмата Аронија Вита“,  раскажува Софија Богичевиќ.

Идејата за бизнис со аронија ја добиле случајно. Некој донел сок од аронија од странство, тие ја пробале и им се допаднало. Тргнале во потрага по садници.Во тоа време аронијата не била регистрирана на листата сорти на нивното Министерство за земјоделие, но успеале да дознаат дека кобинатот „Таково“ од Горен Милановац во 70-тите години на минатиот век експериментално увезувал извесна количина садници. Нивните засади биле неупотребливи но во тој крај аронијата се проширила па пронашле мештани кои ги имале.

Велат во бизнисот ја вложиле заштедата која не била голема сума, но во бизнисот велат мора константно да вложувате. За среќа сепак не морале да земаат кредити, а за да почне некој бизнис не му треба многу, раскажуваат тие.

Им порачуваат на сите кои планираат да се занимаваат со приватен бизнис, добро да размислат која им е целната група. Таму каде е купувачот тука ќе имаш што да продадеш. Купувачот диктира што ќе произведува некој. Бидејќи за обратна варијанта е потребен огромен маркетинг. Тоа го можат мултинационалните компании кои креираат побарувачка. Кога се во прашање мали бизниси, потребно е да се види каде е побарувачката смета Софија.

Целата сторија прочитајте ја тука.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција