АКО САКАТЕ ДА ОДИТЕ ВО ХРВАТСКА: Нема влез без направен тест за коронавирус
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 04 Мај, 2020
Влез во Хрватска ќе може да се реализира само со направен тест на коронавирус.
Сите оние што ќе сакаат да влезат во Хрватска, ќе мора да имаат потврда дека се тестирани на коронавирус. Ова го потврди директорката на Клиниката за инфективни болести, Алемка Маркотиќ. Таа додаде дека тестот не смее да биде постар од 24 часа.
„Само со таа потврда ќе може да влезат во земјата. Тестот е веродостоен, но не е 100 отсто сигурен, па затоа мора да бидеме внимателни“, изјавила Маркотиќ за дневникот на ХРТ.
Ова го потврди и директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак.
За продолжениот викенд во Хрватска влегле повеќе од 2.000 луѓе.