18 Мај, 2024
0.0489

Ако операторите прифатеа договор со каналите ќе се плаќаше премиум претплата

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонските оператори повеќе не ги емитуваат каналите на Discovery и EuroSport, но според добро упатени извори кои ги консултираше Фактор, не станува збор за едностран прекин на емитувањето туку главната причина е што договорите со провајдерот на каналите истекол на 31 декември 2017.

Според нашите информации за каналите Discovery, Investigation Discovery, TLC, Animal Planet, EuroSport1 и EuroSport2 од операторите била побарана многу висока сума на пари за продолжување на договорот. Доколку операторите кои обезбедуваат услуги за дигитална телевизија за овие канали, ги прифатиле наметнатите услови, тогаш би биле принудени да воведат дополнителна претплата како за премиум каналите или пак целосно да ги покачат цените на корисничките пакети.

Таквата одлука е донесена и во интерес на самите корисници бидејќи на крајот тие би имале поголема штета со повисока претплата. Треба да се истакне дека простор за договор меѓу телекомуникациските оператори и провајдерот на ТВ каналите постои доколку се постигне разумна сума како што тоа го укажува досегашната пракса и претходно утврдените цени кои биле неколку пати пониски.

Ваков спор не е уникатен случај за македонскиот пазар бидејќи со слична ситуација се соочил и грчкиот оператор ОТЕ, како и познати оператори низ Балканот, Источна Европа, Бенелукс и Скандинавија, и во сите случаи операторите донеле одлука или да не ги продолжуваат договорите или да ги исклучат каналите на Discovery.

Тие биле принудени да ги земат сите понудени канали на Discovery во пакет, па така и цената за отплата била неколкукратно зголемена, што не било економски исплатливо.

Во меѓувреме операторите пуштија нови канали кои треба да послужат како замена за Discovery, Investigation Discovery, TLC, Animal Planet, EuroSport1 и EuroSport2. Од нив се издвојува BBC Earth каналот кој нуди многу квалитетна документарна програма со висок квалитет на продукција. 


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа