Ако не е „Адора Инженеринг“ тогаш кој вложи 900.000 евра во акции на „Комерцијална банка“
Објавено во: Економија 04 Септември, 2018
Кој си докупи 0,44 отсто од акциите на „Комерцијална банка“?
Според податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност стана јасно дека нема промена во акционерската структура односно дека „Адора Инженеринг“ не е купувачот на овој блок акции .
Сега прашањето е кој инвеститор вложи 900.000 евра во акции на „Комерцијална банка“ во една блок трансакција минатиот понеделник.
Инаку ова е втора најголема трансакција со таа акција во период од 4 месеци, а најголема во последните 55 дена.
Податоците на берзата покажуваат дека по цена од 5.150 денари истргувани се 10.000 акции за промет од 835.000 евра.