25 Април, 2024
0.0581

АКО КОРИСТИТЕ НЕТФЛИКС, ОВА Е ВЕСТ ЗА ВАС: Ќе има зголемување на цените

Објавено во: Финансии, Свет 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Netflix најверојатно ќе ги зголеми цените на претплатни пакети и оваа година, што би можело да го забрза растот на неговите приходи и профит.

Имено, минатиот октомври Нетфликс ја зголеми цената на основната претплата од 9,99 долари на 11,99 долари месечно во САД, а корекција на цената е направена и за пазарот во Велика Британија и Франција. Иако се уште не е официјално објавено, челниците на компанијата изјавија дека е можно ново поскапување.

Ко-основачот на компанијата, Грег Питерс, неодамна објави дека Нетфликс „го одложил зголемувањето на цената“ минатата година додека вовел програма за споделување на платена претплата.

„Сметавме дека тоа е форма на замена на поскапувањето. Сега, кога го тргнавме тоа од патот, можеме да продолжиме со нашиот вообичаен пристап кон зголемување на цените. И зголемувањето на цената, сте виделе како го правиме тоа во САД, Велика Британија и Франција. Таа промена помина подобро отколку што очекувавме“, изјави Питерс за Variety, додавајќи:

„Ние ќе продолжиме да ги следиме другите земји и ќе се обидуваме да процениме кога сме испорачале доволно дополнителна вредност за забава за да ги замолиме нашите корисници да платат малку повеќе за да го задржат тој позитивен механизам и да останат способни да инвестираат во производство на одлични филмови, серии и игри за претплатници. "

Минатата година Нетфликс достигна дури 29,5 милиони нови претплатници и со тоа ја збриша конкуренцијата која се бори да ги задржи постоечките, а камоли да добие нови.

Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо