АКО ИМАТЕ БУГАРСКИ ПАСОШ, ИМАЈТЕ НА УМ: Без виза во Канада!
Објавено во: Балкан 06 Март, 2017
Ако имаме предвид дека голем број македонски граѓани имаат бугарски пасош тогаш и за нив и е важна оваа информација.
Имено, бугарските медиуми пренесоа дека Канада ги укинува визите за бугарските граѓани од 1 декември.
Официјално Отава најави укинување на визите за бугарските и романските граѓани а уште од 1 мај во земјата ќе можат да влегуваат без визи бугарските граѓани, кои во последните 10 години имале канадска виза, како и оние кои имаат важечка виза за САД.
Канада сеуште ќе бара од бугарските граѓани да си вадар електронска дозвола за патување. До олеснувачкиот режим за патување дојде по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада.