АКО БАРАВТЕ РАБОТА НАДВОР ОД ЗЕМЈАВА: Ова се најдобро платени професии во Европа
Објавено во: Свет 14 Декември, 2016
Во потрага за подобар живот, се повеќе луѓе ги напуштаат матичните држави и бараат работа на други места. Пракса која во Македонија веќе стана секојдневие.
Секако, не е секое занимање во секоја држава во Европа ни барано, ни платено.
Во Велика Британија најмногу се бараат и одлично се плаќаат возачи, пилоти и сметководители. Германија, очекувано има широка понуда на работни места, а некои од најдобро платените се дизајнери, електротехничари, оние кои се грижат за деца, наставници, и новинари. Помалку чудна листа, но истражувањата покажуваат дека е така.
Во Франција најголемата просечна плата ја имаат лекарите, електричарите, и луѓе кои работат во кориснички сервиси.
Во Шведска агентите за недвижнини заработуваат повеќе од архитектите, а и работниците во кафе барови, како и перачите на прозорци.
Секако, никогаш не треба да заборавиме дека не сме во Европската унија и дека оние кои се во неа многу полесно може да најдат работа во странство.