Акционата ѕвезда Стивен Сигал доби руски пасош лично од Путин
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016
Акционата ѕвезда Стивен Сигал кој имаше голем број на хитови во 90-тите и култна личност на Балканот и во Источна Европа доби и руско државјанство, а претседателот Владимир Путин му врачи и руски пасош со кој ќе може полесно да патува и да комуницира со своите пријатели во Русија. На барање на Путин Сигал се потпиша на својот пасош и му се заблагодари на претседателот на руски јазик. Сигал веќе има и српско државјанство.
Инаку ова е нов тренд во кој познати актери стануваат руски државјани незадоволни од неоколонистичките политики на западните земји, како што е примерот со францускиот актер Жерард Депардје, кој пак од своите беше критикуван дека целиот потег го направил за да избегне оданочување.
Секако, добар дел од познатите личности имаат и големо почитување кон Владимир Путин како лидер кој се обидува да наметне контратежа на светската мапа доминирана од САД.