18 Мај, 2024
0.0302

Ајтов: Не ме пуштаат во синдикалната канцеларија за да си ги прикријат трагите и да уништуваат документи

Објавено во: Македонија 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

“Две години јас и членови на Синдикатот на одбраната трпиме закани и притисоци. Во синдикалната канцеларија на осмиот кат од зградата на синдикатите доаѓаат лица кои не се надлежни за раководење со СОБ. Се сомневам дека интенцијата на моето спречување да влезам во канцеларијата е намерата да се уништат дел од финансиските и останатите документи  со што би се нанело голема штета на синдикатот и одговорност пред државните институции” - вели за Фактор, претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста  Ристо Ајтов.

Иако во Централниот регистар Ајтов е запишан како одговорно лице односно претседател на Синдикатот на Одбраната и безбедноста тој сеуште неможе да влезе во канцеларијата ниту да ја извршува својата должност.

“Во канцеларијата секојдневно имаат пристап и ја користат, односно имаат клуч од истата, повеќе физички лица кои не се надлежни за раководењето на СОБ. Во регистарот на синдикати, во Централниот регистар сум запишан како одговорно лице, претседател на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста. Истото може да се види од Тековната состојба на СОБ.Пред пет дена се обидов да влезам во но од страна на непознато лице кое стоеше на влезната врата не ми беше овозможено да влезам во зградата на ССМ, односно бев спречен да дојдам до канцеларијата на синдикатот со кој што раководам. Случајот го пријавив во МВР  и побарав заштита од полициски службеници, бидејки се плашев дека би можел да бидам физички нападнат од страна на непознатото лице, кое се претстави дека е ангажиран за обезбедување на зградата на ССМ, иако во таа зграда постои чуварска служба која го контролира влезот и излезот на истата”- објаснува Ајтов.

Синдикатот вели ја користи канцеларијата  повеќе години, за што плаќале и месечни фактури на СИН-АГ ССМ ДООЕЛ, фирма основана од ССМ надлежна за одржување и стопанисување со зградата на  синдикатот. Во неа вели се наоѓаат сите финансиски документи поврзани со работењето на синдикатот на одбраната. Ајтов побарал полициска асистенција за да може да пристапи до синдикалните канцеларии. Се сомнева дека секој ден од неа се изнесуваат или уништуваат клучни и битни документи за функционирањето на синдикатот. Раскажува дека повеќе од две години е на мета на власта поради јавно изразеното незадоволство во работењето на синдикатот под палката  на Живко Митревски. Вели власта со закани и притисоци се пресметува со неистомислениците.

“Побарав од МВР како надлежен орган, во што пократок временски период, да ми овозможи со асистенција на полициски службеници да влезам во канцеларијата на синдикатот со кој што раководам.Pовеќе од две  години сме изложени на огромен притисок. Се започна со најавата за конгрес во ССМ, каде повеќе грански синдикати се спротивставија на тоа. Веднаш бевме повикувани од претставниците на власта на највисоките ешалони, разни министри и високи партиски функционери не убедуваа дека по секоја цена мора да го подржиме Живко Митревски затоа што така одлучила партијата. Потоа СОБ во името на сите вработени во Министерството за одбрана и  АРМ, посебно за своите членови, побара подобрување на катастрофалните услови за работа во касарните и зголемување на платите на вработените во МО и АРМ кои беа и сеуште се на ниво на социјални примања. Најавивме и штрајк во МО и АРМ кон крајот на 2016 год, при што на последниот состанок со Министерот за одбрана буквално ни беше кажано дека штрајкот по секоја цена треба да се откаже или ќе имаме проблеми сите во раководството на СОБ, што и се случи”- додава Ајтов.

Во пресрет на празникот вели на членовите на неговиот синдикат им се нудела табла со јајца за да потпишуваат пристапници кон новоформираниот синдикат со слично име, кој вели треба да создаде конфузија и несигурност кај членството.

“Пред самото одржување на закажаниот штрајк, одредени лица (вработени во МО и АРМ) на незаконски и нестатутарен начин со помош на високи претставници на власта, пред се од МТСП и ССМ, со невалидна документација извршија упад во СОБ. По донесувањето на судското решение со кое му се наложува на Централниот регистар  да ја врати состојбата во СОБ пред мојата смена, нелегитимното раководство на СОБ предводено од Оливер Стојановски, на 03.04.2017 год. регистрира нов синдикат со слично име како СОБ (се вика СОБС) и со посредство и помош на одредени високи претставници во МО со сила, притисоци и закани ги присилува вработените во МО и АРМ да потпишуваат пристапница во новиот синдикат СОБС, велејки им дека е само променето името на СОБ во СОБС, уценувајки ги дека ќе добијат табла јајца за Велигден само ако потпишат пристапница на СОБС.Инаку јајцата се порачани и купени со парите на синдикатот на одбраната,  а се делат од нелегитимни луге и покрај судското решение за враќање на состојбата. Да е небулозата уште поголема, СОБС се формира со одлука на Советот на СОБ”- објаснува претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Однеговатасменавооктомвриминататагодина во рок од 5 месеци добил  две прекоманди  за прераспоредување на работното место, за што имаповедено и судски постапки.

“Додека ми трае мандатот како претседател и две години потоа, работодавачот не смее да ме прекомандува. Најбезобразно се кршат моите права од работен однос, за што побарав одговорност од работодавачот. Пред два дена во Велес, во локалните канцеларии на ССМ требаше да се одржи претседателство на ССМ. Јас како легитимен претседател се појавив на тој состанок, но од страна на Живко Митревски ми беше оневозможено да присуствувам на истиот со образложение дека не сум поканет. Состанокот се растури и Митревски  заедно со другите учесници заминаа на друго место да го одржуваат, а според моите информации состанокот продолжил во ресторан”- вели Ајтов.

Се сомнева дека целата ситуација e купување на време  со кое ќе се спречи неговото враќање во синдикалните редови  и како што вели за прикривање на трагите за незаконското раководење на невалидното раководство  во изминатите 5 месеци, кое вели е докажано со судско решение. Ајтов потенцира дека поради индициите дека се уништуваат одредени финансиски документи кои би служеле како доказ во судки постапки за одговорносткон сите лица кои се замешани во неколкумесечното  незаконско и нестатутарно раководење,  синдикатот  ќе покрене кривични постапки за одговорност и надоместување на настанатата финансиска штета. Дополнително вели ќе ја известат  Меѓународната организација на трудот за начинот на кој државните органи се мешаат во синдикалното делување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8