29 Април, 2024
0.0242

Ајфон 5 и таблетите на Епл најбарани за „Црниот петок“

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Паметните телефони и облеката се најмногу бараните производи за време на големите распродажби, кои започнаа во САД во т.н. Црн Петок. Стоките за кои беше најавено дека ќе имаат најголем попуст , исчезнаа од штандовите за само неколку секунди. Во Њујорк и другите американски градови имаше огромна побарувачка на потрошувачката електроника. Најголем интерес Американците пројавија за новиот Ајфон 5 и таблетите на Епл. На штандови не се задржуваат ниту електронските уреди произведени од конкурентните јужнокорејски компании, соопштија медиумите. Најмногу посетители и најголемите гужви биле во Флорида, каде продавниците беа буквално нападнати од купувачите. Во последните денови многу ентузијасти, во очекување на распродажбите, ноќеваа околу продавниците во шатори или под отворено небо. Според трговците, платежната способност на Американците е оваа година за разлика од минатата бележи раст.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти