18 Мај, 2024
0.0261

АХВ уверува - Во Македонија има безбедно месо

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство ги уверува граѓаните дека во Македонија има безбедно месо од увоз и редовно се вршат соодветни контроли. Ова уверување доаѓа откако бразилската компанија Сеара Алиментос која извезува месо во Македонија ја изгуби лиценцата и поради тоа оваа фирма е избришана од регистарот на овластени узвозници на месо во земјава.

Од агенцијата за храна засега немаат информација зошто на компанијата и е одземена лиценцата ,но потврдуваат дека производите кои во меѓувреме се внесени на македонскито пазар се исправни. Увезени се претходно и ги имаат поминато сите потребни контроли за безбедност на храна.

- Од страна на инспкциските служби на Агенцијата засилени се контролите на граничните премини, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз, велат од АХВ.

Откако минатата годинана месната индустрија во Бразил беше ставена под лупа поради сомневања за квалитето на месото, од агенцијата за храна и ветеринарство се во постојан контакт со амбасадата на Македонија во јужноамериканската земја од каде ги добиваат  сите потребни информации за состојбата во оваа индустрија и потоа ги информираат  стопанските  комори во земјава.

- Увозот не месо во Република Македонија се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста, се вели во дописот од агенцијата.

Во април минатата година на граничниот премин Ќафасан беа запленети 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил кое беше уништено на депонијата во Струга.

Бразил важи за најголем извозник на месо во светот. Во оваа индустрија се вработени околу 4 милиони работници.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа