16 Мај, 2024
0.0323

АХВ сеуште чека резултати дали увезенoто млеко на „Дукат“ е токсично

Објавено во: Агробизнис 15 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) сеуште чека официјална потврда на добиените прелиминарни резултати од анализираните мостри млеко за испитување евентуално зголемено присуство на афлатоксинот М1. Како што информираат од АХВ, анализите се вршат во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Станува збор за мострите земени од увезените 360 литри млеко од хрватскиот производител „Дукат“ кои се наоѓаат во магацините на увозниците, а за кои, по алармот на хрватските ветеринарни власти дека одредени шаржи имаат зголемена концентрација на афлатоксин М1, Агенцијата за храна издаде забрана за пуштање во промет. Агенцијата, како што соопшти, ги засили инспекциските контроли на домашниот пазар и при увоз и нареди задолжително земање мостри за лабораториско испитување на млекото со задолжително испитување на афлатоксини.  

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?