03 Мај, 2024
0.0260

Агенција за храна: Спорна е само одредена количина од „Имлек“

Објавено во: Агробизнис 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Од увезените млека од Србија спорна е единствено одредена количина од производот “Моја кравица“ 2,8%MM“, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10, од производителот Имлек Белград, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија. Според соопштението од Агенцијата, инспектортеи по вчера добиеното официјалното известување од српската Управа за ветеринарство за повлекување од продавниците во Србија на повеќе видови млеко од различни производители, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1 над дозволените граници, веднаш излегле на терен и започнале со контролите на продажните места и во магацините на увозниците. Целокупната увезена количина се наоѓа во магацините на увозникот, што значи дека спорниот производ не е пуштен во промет. „Инспекторите од Агенцијата зедоа мостри од наведениот производ со цел потврдување на резултатот, и со истиот ќе се постапува во зависност од лабораторискиот извештај“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во исто време, како резултат на донесеното Решение за задолжително лабораториско испитување на млекото и млечните производи кои се увезуваат во  Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство н информира дека утврдила зголемено присуство на афлатоксинот М1 во уште еден производ по потекло од Република Хрватска. „Станува збор за производот “Млеко Дукат УХТ 2,8%ММ +7 витамини 1Л“, со рок на траење до 19.04.2013 година. Целата количина од овој производ (околу 2.000 литри), се наоѓа во магацинот на увозникот, односно воопшто не е пуштенa во промет и истиот, согласно законската процедура ќе биде уништен. Останатите производи од наведената пратка (вкупно 35) се исправни и тие ќе бидат пуштени слободно во промет“, велта надлежните власти. Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија продолжува будно да ги следи случувањата во делот на млекото и да презема соодветни мерки и активности за заштита на потрошувачите“, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?