АХМЕТИ ЗА ПРЕДМЕТОТ „ПОПИС“: Јас не сум виновен, тоа е одлука на Собранието
Објавено во: Македонија 23 Март, 2018
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Специјалното јавно обвинителство, обвинението за нереализираниот попис од 2011 година го испратило на погрешна адреса.
„Јас не сум виновен, тоа е одлука на Собранието на Република Македонија“- одговори денеска Ахмети.
Според СЈО во предметот „Попис“ постои основано сомневање дека Никола Груевски и Али Ахмети како лидери на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ направиле договор да го спречат спроведувањето на пописот.
Тие според СЈО постои сомневање дека Груевски и Ахмети ја злоупотребиле службената положба иако во тоа време екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше премиер, а лидерот на ДУИ пратеник без висока државна функција.