АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Велат Бугарите се реалност и треба да бидат внесени во Уставот, никој не губи
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2024 12:51
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, го прими бугарскиот амбасадор, Жељазко Радуков и му се пожали во однос на евроинтеграциите.
Ахмети му честитал на амбасадорот за враќањето во Северна Македонија и го уверил дека блиската соработка во поглед на европската иднина и добрососедството ќе продолжи уште повеќе.
Ахмети и Радуков разговараа за преговарачката рамка на Европската Унија и интеграцијата на земјата во ЕУ, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и регионот.
„Преговарачката рамка одобрена од Европската унија е јасна и мора да се спроведе за да го продолжиме нашето патување кон Брисел“, велат од ДУИ.
На средбата е кажано дека бугарската заедница во Северна Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот, а од ова никој ништо не губи, напротив, сите добиваат.
Ахмети подвлече и дека приоритет на ДУИ е токму продолжување на европскиот пат, затоа уставните измени мора веднаш да се случат затоа што граѓаните очекуваат да станеме дел од Европската Унија.
Првиот човек на ДУИ повтори дека Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство се одредби на ДУИ и ќе се ангажира за нивна поддршка и имплементација.
„Ова е неприфатливо. ‘Чесните’ и претпочитани Албанци избрани од ВМРО - ДПМНЕ се откажаа од Европа, но и од еднаквоста, омаловажувајќи ги и понижувајќи ги Албанците за нивните лични корумпирани мотиви“, додаде Ахмети.
Инаку, Албанија во вторник ќе ги почне преговорите со ЕУ, а Македонија останува во чекалната.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




