ГО ОТВОРААТ ПРВИОТ КЛАСТЕР: Албанија во вторник ќе ги почне преговорите со ЕУ
Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2024 12:15
Западниот сосед за три дена ќе ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ). Албанија во вторник ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.
Како што соопшти унгарското претседателство, Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија. Со тоа се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург.
„Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан“, се наведува во соопштението.
Првиот сет на поглавја, кластерот „Темелни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.Вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.
Maкедонија е одвоена од Албанија и таа не почна преговори. Нашата земја мора да направи уставни измени, односно да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат. Претходно, пред некоја година Франција и Холандија имаа резерва за тоа двете земји да почнат преговори со ЕУ.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“




