АХМЕТИ ЌЕ СВЕДОЧИ И УТРЕ - со него во Приштина замина и Груби
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се појави денеска во Специјалното обвинителство во Приштина, јавува Алсат М телевизија.
Според косовските медиуми, сведочењето ќе продолжи и утре. Тоа се случува во канцелариите на ЕУЛЕКС, каде што утрово беа видени автомобилите на лидерот на ДУИ.
Од ДУИ не коментирале ништо за повикот нивниот лидер да сведочи во Специјалниот суд. Не е познато дали по неговото завршување утре Ахмети ќе даде некакви информации во јавноста.
Неофицијално, извори од Министерството за правда на Косово наведуваат дека Ахмети не побарал финансиска помош од Косово за неговата правна помош за време на интервјуто. Со Ахмети се наоѓа и организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби.
Од канцеларијата ма Специјалниот обвинител изјавиле дека информациите за интервјуто ги објавил самиот Ахмети и оти тие не споделуваат детали од истрагата.