Ахмети: Барањата на албанските партии се дел од владината програма и ќе се реализираат
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017
Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со претседателите на албанските политички партии на кои единствено не дојде БЕСА оцени дека нивните предизборни политички програми се веќе дел од владината програма и истите ќе се реализираат.
Сите имаме одговорност за договореното. Денеска заклучивме дека нашите изборни програми во голем дел се слични и драго ни е што нашите програми се вметнати во програмата на Владата, рече Али Ахмети по тричасовната средба со лидерите на албанските парламентарни партии.
– Отворен е процесот за средба со соседите. Тоа беше наша иницијатива. Исто така, бевме вклучени на средбите со Прибе и Хан и тие процеси почнуваат да се реализираат, рече Ахмети.
На прашањето дали има нешто конкретно во врска со законот за јазици, Ахмети одговори дека нема потреба да се дискутира за нешто што е веќе договорено.