16 Мај, 2024
0.0265

Агенцијата за храна започнува кампања за безбедност на храната

Објавено во: Агробизнис 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска го започнува проектот за „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“. Како што информираат од Агенцијата, проектот ќе се реализира во пет општини во Македонија и е наменет за целото население, од аспект на потрошувачи. Овој проект вклучува промотивно-едукативни презентации со кои ќе бидат опфатени градинките, училиштата, факултетите, јавните институции. Во рамки на проектот кој се реализира со финансиска подршка на Јапонската организација JICA - Japan International Cooperation Agency ќе се дискутира за начинот на чување и складирање сурова, приготвена и термички обработена храна, за начинот и значењето на означувањето на производите наменети за конзумација, за најчестите заболувања предизвикани од храна, најчести случаи и примери за труење со храна, разлика меѓу квалитет и безбедност на храна. Една од општините која е избрана за спрведување на овој проект е општина Гази Баба. За таа цел денеска и утре во општинската зграда на Гази Баба ќе се одржат трибини со директорите на средните и основните училишта, детските градинки, педагози, професори по биологија и хемија, како и луѓе вклучени во процесите на подготовка на храна. За сите учесници има подготвено промотивни материјали кои ќе бидат поделени на трибините.      

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?