18 Мај, 2024
0.0258

Африканските економии рамо до рамо со Кина во 2014 година

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Бавно растечките економии со голема инфлација, до неодамна, беа нешто нормално во Африка. Просечниот раст на БДП во текот на 1990-те беше само 2,2 проценти, што беше карактеристично за толку сиромашен регион. Просечната инфлација беше 27 проценти. Сега сето тоа се промени, анализира Економист. Од 2001 година, африканскиот БДП секоја година побрзо растеше отколку глобалниот просек. Во изминатата деценија, само блокот азиски земји во развој, предводени од Кина, побрзо растеше отколку Африка. Просечната стапка на инфлација на континентот воглавно беше едноцифрена или ниска двоцифрена. Богатствата на Африка помогна за порастот на трговијата со Кина, која е сега главниот извозен пазар за континентот. Како ќе се развива кинеската економија, така ќе расте и африканската економија. Кинеските лидери сакаат нивната економија да расте по помала стапка отколку во минатата деценија, и растот да биде воден од потрошувачката на конзументите наместо од интензивните инвестиции во ресурси. Цените на многу сурови материјали кои Африка ги има во изобилство со текот на времето паднаа. Сепак дури и кога Кина успорува, тоа е доволна причина африканскиот БДП (прилагоден на набавната моќ на своите валути) да расте со околу 5,5 проценти во 2014 година, што е просечната стапка во изминатата деценија – но и така е побрзо отколку било кој друг регион во светот, според Разузнавачката единица на Економист (ЕИУ). Всушност, побавниот раст во Кина и во сателитите азиски економии отворија две интригантни иднини за Африка. Првата, која е со помалку закани од азиските тигри, ММФ предвидува дека четири од шесте најбрзо растечки економии во 2014 година ќе бидат во потсахарска Африка. И за првпат во историјата, инфалцијата ќе падне длабоко под стапката на раст на БДП. Да почнеме со брзорастечките економии. Африка има многу сиромашни или кревки земји. На тие места новите рударски проекти или продолжувањето на извозот по граѓанските војни донесе драматичен пораст на БДП. Економскиот производ на Јужен Судан опадна за половина по отцепувањето од Судан во 2011 година. Но, додека извозот на нафта продолжува да се опоравува во 2014 година, БДП може да порасне за повеќе од 35 проценти. Поголем производ од новите големи ископувања на железо во Сиера Леоне ќе значи раст на БДП во ниски двоцифрени стапки. А економијата на Чад најверојатно ќе скокне напред со проширувањето на испумпувањето од новите нафтени извори. Скоро половина од 45-те земји во потсахарска Африка во поголемиот дел од нивните извози зависат од нафтата или од рударството. Но, ќе бидат потребни неколку години на пониски цени на стоки за размена за тие да имаат влијание врз производството или БДП. Рударските проекти одамна се трошат и како што е случајот со Чад и Сиера Леоне, поголемо вложување на капитал во Африка е веќе наменета како одговор на високите цени кои суровите материјали се до неодамна ги диктираа. Кога еднаш некој рудник или нафтен извор ќе пресуши, логично е да продолжи да работи се додека производните цени се над трошоците на работењето, како што често се случува и со новите проекти. Влијанието на пониски цени на стоките за размена врз инфлацијата ќе станат поочигледни. Со скромни жетви и стабилни цени на нафтата, повеќето африкански земји ќе имаат пад на инфлацијата на околу 5 проценти, дури и пониско, до крајот на 2014 година. Одложеното влијание на построги монетарни политики во некои земји кои имаа навистина висока инфлација, ќе се придодадат на надолниот притисок врз цените. Ова значи дека инфлацијата ќе опадне доста под стапката на раст на БДП до крајот на 2014. Таквата основа во иднина ќе продолжи да ја прави Африка најпосаквувана одредница за инвестиции. Нигерија го презема водството Уште два моменти ќе се придодадат на сето ова. Нигерија е најнаселената земја во Африка, со скоро 180 милиони луѓе. Таа наскоро ќе се позиционира како најголема економска сила на континентот. БДП-то на Нигерија во моментов се пресметува на основа на цените во 1990, што значи дека некои брзорастечки делови од нејзината економија не го дават својот максимален потенцијал. Овие бројки наскоро ќе бидат надградени. Гана откри дека големината на нејзината економија е потценета за 60 проценти, кога ги ревидираше своите статистики за БДП во 2010 година. Слично засилување ќе има и Нигерија, кога ќе стане најголема економија на континентот. Втор тренд е следењето на зголемената важност од услугите, земјоделството и производството во земјите во потсахарска Африка. Овој регион веќе има група на брзорастечки извозно ориентирани економии кои воглавно не се потпираат на производство на стоки за размена. Некои од најголемите економии на контитентот, како што се Етиопија, Кенија и Уганда, спаѓаат во оваа категорија. Со разнишаните глобални цени на стоки за размена, овие земји ќе диктираат поголем удел во се поголемите интереси во подобрување на економската иднина на Африка.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население