18 Мај, 2024
0.0276

Аеродромите на ТАВ Македонија со рекорден пораст на бројот патници

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Скопскиот аеродром го одбележа најголемиот месечен пораст изминативе неколку години со опслужени 88.922 патници минатиот месец и зголемување од 37,6 отсто во споредба со октомври лани.

Како што соопшти ТАВ, бројот на воздухопловни операции се зголеми за 15,1 процент, со вкупно 983 полетувања и слетувања. Нивото од 245.63 тони превезени карго-пратки е повисоко за 4,9 отсто во споредба со октомври минатата година.

Истанбул останува најчестата дестинација за периодот јануари-октомври по што следуваат Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме, додека Ербас А320 е најчестиот тип авион со удел од 32 процента во целокупните воздухопловни операции на патничките летови.

Новиот ред на летање, што важи од 27 октомври, вклучува 91 неделна фреквенција во ноември и очекувани 101 неделна фреквенција во врвот на сезоната, меѓу 15 декември и 15 јануари. Најголемиот дел од авиокомпаниите ги задржаа зимските редови на летање од претходната сезона (Austrian Airlines, Adria Airways, Croatia Airlines, Belle Air Europe, Fly Dubai, Helvetic Airways, JAT Airways, Pegasus Airlines). Позитивен исклучок е Wizz Air, која сега има седум дополнителни неделни фреквенции, продолжувајќи ја летната сезона, исто како Turkish Airlines, што има уште четири неделни летови. Edelweiss, пак, има плус еден неделен лет како надоврзување на летниот распоред. Од 20 декември, Germania Flug ќе воведе летови до Берлин еднаш неделно.

Збирните податоци за периодот јануари-октомври со вкупен број од 10.702 извршени воздухопловни операции се карактеризира со зголемување од 11,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Просечната максимална тежина на полетување на воздухопловите за овој период имаше зголемување од 16,5 отсто. Бројот од вкупно 854.390 превезени патници во периодот јануари-октомври имаше зголемување од 21,7 проценти. Целокупниот обем на карго, со 2191.38 тони превезени пратки, имаше пораст од 9,1 отсто во споредба со истиот период лани. Со 68.899 патници кои го користеле Охридскиот аеродром во октомври, аеродромите во Република Македонија со нетрпение го очекуваат милионитиот патник далеку пред крајот на 2013 година.

Во поглед на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, авиокомпанијата Wizz Air превезе најголем број патници во периодот од јануари до октомври, па следуваат Airlines, Austrian Airlines, Pegasus Airlines и Adria Airways, сите со зголемен број патници во споредба со лани.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата