19 Мај, 2024
0.0382

„Аџибадем Систина“ го претстави новиот тим на Детска кардиохирургија

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“  беше претставен новиот кардиохируршки тим од Детската кардиохирургија. Станува збор за искусен тим од 15 професори, доктори и сестри од кои дел се од „Аџибадем“ од Турција. Во тимот е д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, но и уште неколкумина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолози, перфузионисти и педијатри.

Целта е да се преслика успешното искуството кои болниците на „Аџибадем“ во Истанбул ги има со детската кардиухирургија. Овие центри зад себе имаат повеќе од 15 илјади операции.На претставувањето д-р Чадиковски изјави дека интервенциите ќе започнат наскоро.


„Ми претставува задоволство да бидам во тим со ценетите колеги детските кардиохирурзи од ‘Аџибадем’ од Истанбул. Драго ми е да бидам дел од голема корпорација, а имав можност да одам и таму и навистина сум фасциниран од комплексноста на операциите штосе извршуваат таму и од бројот на интервенции што ги реализираат. Од тој аспект, ми претставува посебно задоволство што ќе имаме можност да направиме еден референтен акредитиран центар и во Македонија. Помошта од колегите ќе значи и промовирање на успешниот модел таму, а сето тоа за децата со срцеви мани“, вели д-р Чадиковски.

Предност е што тимот доктори кои доаѓаат од Турција ќе бидат достапни секоја недела во земјава. Во тимот кардиохирурзи од Турција се и проф. д-р Јусуф Кенан Јалчинбаш и проф. д-р Ерсин Ерек.

„Иако не разбирам македонски јазик, целосно се согласувам со изјавата на д-р Чадиковски, бидејќи му верувам. Пред неколку недели се состанавме и во Истанбул. Тој нè посети и ни ги пренесе плановите за развој на детската кардиохирургија и за отворање на еден таков оддел тука, во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’.  Д-р Чадиковски има големо искуство со детската кардиохирургија и направил над 400 интервенции во таа област.  Во Истанбул постојат два центри за детска кардиохиругија ‘Аџибадем Атакент’и ‘Аџибадем Бакркој’, каде заедно со професорот Ерсин имаме оперирано над 15.000 пациенти.  Идејата е со здружени сили да работиме понатаму, да се поврзат центрите од ‘Аџбадем’од Турција со ‘Аџибадем Систина’во Скопје и целокупниот тим  на доктори заедно со  главниот перфузионист Мурат Боз да бидат на раполагање“, изјави д-р Јусуф Кенан Јалчинбаш.


Редовноста на присуството на докторите од Истанбул обезбедува континуитет и целосно задоволување на потребите

„За нас претставува огромно задоволство што присуствуваме тука, во ‘Аџибадем Систина’и што можеме да го споделиме нашето искуство со македонските колеги. Ќе вложиме максимални напори и ќе дадеме сè од себе за децата во оваа наша братска земја. Ќе им помагаме на нашите колеги во ‘Аџибадем Систина’најмогу што можеме“, посочи и проф. д-р Ерсин Ерек.

Овој тим ќе биде задолжен за кардиолошки интервенции кај деца, а во следниот период „Аџибадем Систина“ има за цел да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во Македонија туку и на целиот Балкан.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места