Адвокатот Страшевски земал годишен одмор за рочиштето за „ТНТ“
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020
Јовица Страшевски, адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, го известил судот дека ќе земе годишен одмор кој ќе се поклопи со следното рочиште за случајот „ТНТ“, односно за уривањето на „Космос“.
Доставил допис дека од 8 до 17-ти овој месец ќе биде на годишен одмор, но тоа според Кривичен суд, е обид за одолговлекување на главната расправа закажана за 13 јануари годинава.
- За последните случувања и обиди за одолговлекување на главната расправа насрочена за 13 – ти јануари 2020 година, судот ќе ја извести Адвокатската комора и Судскиот совет на РСМ, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Кривичен суд во медиумскоот препукување со одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“ што се одбива деновиве им порача на адвокатите да не го кочат судскиот процес и да не и се закануваат на судијата-поротник Лилјана Ивановска Кочкова.
Претходното рочиште беше одложено откако екс-градоначалникот Трајковски пријави дека е во болница и дека е претепан. Кривичниот суд очекува брза разрешница на обој случај на поранешно СЈО.