05 Мај, 2024
0.0277

Адвокатот ангажиран од Мицкоски: Јас живеам од професија, а вие од криминал

Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Адвокатот Панче Тошковски денеска жестоко реагираше до СДСМ и потврди дека целосниот договор под кој бил ангажирана неговата канцеларија за адвокатски услуги кон АД ЕСМ додека директор на оваа компанија бил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изнесува 8,85 милиони денари, но дека го добил во транспарентна постапка.

Еден ден по дебатата на Мицкоски со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од владеачката партија веднаш реагираа, објавувајќи документи од времето кога политичкиот опонент директорувал со АД ЕСМ. Портпаролот на владеачката партија Костадин Костадинов тврди дека Мицкоски му одобрил два договори на адвокатот Панче Тошковски за адвокатски услуги.

Еднаш одобрил исплата на 1,6 милиони, а еднаш на 8,85 милиони денари. Костадинов тврди дека се работи за многу близок пријател на Мицкоски и преговарач на страната на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно Обвинителство. Тошевски со писмо до медиумите твди дека станува збор за еден целосен договор од 8,85 милиони денари.

„Јас живеам од професија, а вие од криминал. Вистината е дека договорот е постигнат во транспарентна постапка  Работев како адвокат на АД ЕСМ до пред шест месеци и  договорот истече додека СДСМ е на власт.. Нема да ме чуди да направат монтажа од целиот случај“, вели Тошковски во дел од своето писмо.


Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца