16 Мај, 2024
0.0515

Адвокатите на Сашо Мијалков испратија писмо до Израел

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Четворицата адвокати на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, преку писмо  до амбасадорот на Израел во Македонија побараа од него да ги демантира тврдењата на судиите и обвинителите дека може да избега во Израел поради контактите со израелските разузнавачки служби.

Адвокатите Давидовиќ Звонко, Петар Василевски, Љупчо Шврговски и Миле Петровски писмото го упатуваат откако Мијалков доби нов притвор, овој пат за случајот „Плацеви на Водно“, откако претходно му беше прифатена гаранцијата од повеќе од 11 милиони евра.


„Ви се обраќаме со ова писмо како бранители на господинот Сашо Мијалков за да Ве информираме за определени работи кои се однесуваат на вашата држава и за кои мислиме дека треба да бидете информирани.

На ден 22-12-2021 година на господинот Сашо Мијалков му беше прифатена понудената гаранција од страна на Апелациониот суд Скопје и му се укина мерката притвор која му беше определена во судски предмет кој се води против него. Нема да ве оптеретуваме со политичката позадина која стои зад ваквите судски предмети како средство на власта за пресметка со своите политички противници, но она со што мораме да Ве запознаеме дека името на ашата држава беше употребено при кршењето на основните човекови права на нашиот клиент.

Имено, истиот ден кога беше донесено решението на Апелациониот суд , Министерот за прaвда на Република Македонија јавно ги прозва судиите кои ја прифатиле гаранцијата и побара ваквото решение да не се спроведе на ниту еден можен начин кршејќи го уставното начело на поделбата на власт и сериозно ја наруши независноста и самостојноста на судството. Како резултат на таквите повици и критики на Министерот за правда, Основниот кривичен суд во Скопје, кој е понизок суд од Апелациониот суд, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, експресно, само после четири часа, донесе ново решение со кое му определува притвор и покрај веќе постојната одлука на Апелациониот суд со која се прифаќа понудената гаранција и се укинува мерката притвор.

Сево ова сигурно не би ве засегало, а и ние не би ви се обратиле да еден дел од решението на Основниот кривичен суд, а истото стои и во барањето за определување на мерка притвор на обвинителството, не стои дека поради контактите на нашиот клиент Сашо Мијалков кој е бивши Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, со разузнавачките служби на Израел постои опасност од негово бегство. Понатаму во решението на Основниот кривичен суд се наведува дека токму ваквите контакти со разузнавачките служби на Вашата држава, Израел, му овозможуваат реално на Мијалков да побегне од државата без патна исправа во секое време инсинуирајќи дека Вашите разузнавачки служби тоа ќе го овозможат и ќе му пружат уточиште.

Длабоко почитувајќи ја Вашата држава и гаејќи симпатии и пријателство помеѓу нашите народи кои имаат и заедничка историја Ви се обраќаме со ова писмо пред се да Ве информираме за ваквото тврдење на официјални судски и обвинителски институции со молба да реагирате на ваквото апсурдно тврдење пред се поради вистината, правдата и основните човекови права на нашиот клиент да биде правично суден без измислици, лаги и конструкции кои се вперени и кон институциите на Вашата држава“, пишува во писмото.

На крај, одбраната на Мијалков изразува надеж дека дипломатскиот претставник ќе одговори на писмото.


Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер