Адора на Чифлиганец купи нови акции во Комерцијална банка
Објавено во: Економија 13 Март, 2020
Компанијата Адора инженеринг на бизнисменот Ванчо Чифлиганец купи нови 13.901 обични акции во Комерцијална банка, соопштија од банката на Македонска берза.
„Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 280.780 обични акции, односно има учество од 12,32 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје, стои во соопштението.