Адора на Чифлиганец има над десет отсто од Комерцијална банка
Објавено во: Економија 20 Јули, 2018
Над една десетина од капиталот на Комерцијална банка поседува во моментов фирмата „Адора инженеринг„ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец. Банката соопшти денеска на Македонска берза дека во периодот што поминал фирмата се стекнала со акции кои заедно со поврзаните лица надминуваат учество од 10,1 отсто од капиталот.
„Комерцијална банка известува дека во изминатиот период преку берзански транскации правното лице Адора инженерниг се стекна со дополнителни акции издадени од Комерцијална банка и во моментот заклучно со 20.07.2018 година, заедно соповрзаните има учество од 10,1 во основната главнина на Комерцијална банка, пишува во соопштението на берза.