Администрацијата се полни со огласи за вработување, а не може да се испразни
Објавено во: Економија 11 Јули, 2018
По бранот огласи, како на пример од ЕЛЕМ, Министерството за финансии и Агенцијата за државни патишта се поставува прашањето дали за овие вработувања има реална потреба или институциите се полнат со партиски кадар?
Професорот на Правен факултет Димитар Гелев за „Фактор“ вели дека феноменот државната администрација да се полни со огласи, а истовремено да нема нејзино испразнување не е толку партиски систем, колку што е масовна тепачка за пари во како што вели, една исцрпена, осиромашена и урнисана земја.
„Разните “современи услови“ за прием на работа во администраијата како потврди за познавање странски јазик, полагање испити, конкурси итн. не се ништо друго оствен маскирање на старите удбашки норми за морално-политичката подобност и полициски сертификати “за безбедност“ во земјата што на едни се применуваат, а на други не, и служат само како маска што треба да и покаже на некоја Европска комисија дека “секој ден во секој поглед ние само напредуваме“, вели Гелев.
Еден од поновите поримери е ЕЛЕМ, каде се бараат тројца хигиеничари за плата од безмалку 17.000 денари без искуство, но и референет кој ќе ги подготвува меѓународните тендери, од кој се бара да знае странски јазик и да има едногодишно искуство за него платата од над 35.000 денари, плус и нов референт за подготовка на договори за јавни набавки, за кого е потребно искуство од две години.
Повеќе за оваа тема можете да прочитате тука.