03 Мај, 2024
0.0280

АДИССДП ќе гради комерцијални згради во Охрид, Битола и во Скопје

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

АД за стопанисување со станбен и деловен простор  најава изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола и во Скопје

– Интензивно работиме на нови комерцијални градби кои ќе ги понудиме по прифатливи  цени на заинтересираните граѓани. Оваа година нѐ очекуваат активности за неколку комерцијални згради, во Охрид и Битола по две и една поголема локација во Скопје во делот на Јужен Булевар, изјави директорот на АДИССДП Кристијан Трајковски, по денешната средба со министерот за транспорт Благој Бочварски. Според Трајковски, има интерес за комерцијалните градби на државата  бидејќи становите се  по конкурентни цени.

– АД е регулатор на пазарот на цените на сите комерцијани објекти што се градат. Во Општина  Аеродром кај двете комерцијални згради почетната цена на наддавањето беше 850 евра. На последната продажба на зградата во Аеродром во тек на ископот на почетокот на градбата се продадоа 46 од вкупно 50 станбени единици што зборува доволно за интересот на граѓаните за купување станови преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Цената од 850 евра согласно постапката и Правилникот по кој се продаваат овие станови порасна до 1.050 евра  која е повторно конкурентна во однос на цената на приватните инвеститори – рече Трајковски.

Бочварски и Трајковски  најавија и изградба на уште четири нови социјални згради во Пехчево, Дебар, Сарај и во Кочани. Во план се и преговори со Централно европската банка за поддршка на нов проект.

Министерот Бочварски информираше дека за оваа година од буџетот на Министерството за транспорт и врски проектирани се 134 милиони денари за изградба на социјални згради.

На терен во тек е изградба на 574 станови во седум општини. Во Пробиштип се градат 48 станови, во Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16, а во Гевгелија 52 станови.


Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите