18 Мај, 2024
0.0315

Адеми-Бејли: Земјава што побргу да најде излез од политичката криза

Објавено во: Македонија 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за европски прашања, Арбер Адеми, на денешната средба со амбасадорот на САД,  Џес Бејли рекол дека комплексноста на ситуацијата во Македонија, во регионот и пошироко, во Европската Унија, налага земјава што побргу да најде излез од политичката криза. 

Тоа треба да се направи користејќи ги расположливите политички и институционални капацитети, за враќање кон реформскиот курс. 

Адеми додал дека Македонија останува на стратешката определба за членство во НАТО и во ЕУ.

„Нема и не размислуваме за друга алтернатива… Улогата на актуелното и на секое идно политичко лидерство е да работи на остварување на тие стратешки приоритети и да ја следи волјата на мнозинството граѓани“-  стои во соопштението. 

Вицепремиерот за европски прашања ја истакнал и важноста на САД како стратешки партнер на Република Македонија, нагласувајќи ја нивната поддршка од осамостојувањето до денеска, како еден од главните промотори за членството на земјава во евро-атлантските структури.

Тој се заблагодарил за помошта што континуирано повеќе од 25 години ја добиваме преку УСАИД, за спроведување на клучните реформи во однос на демократизацијата на општеството, економскиот пораст и на подобрување на квалитетот на образованието. 

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност