18 Мај, 2024
0.0269

АД Европа со „сладок“ квартал, колку изнесува добивката?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

АД Европа Скопје има многу „сладок“ прв квартал од 2017-та и во изминатите три месеци благодарение на зголемената продажба во странство, како и на намалување на финансиските расходи за камати, успеа да стигне до речиси двојно поголема добивка во однос на истиот период лани. 

- Од 01.01 до 31.03.2017 година Друштвото АД Европа Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 4.300.429 денари и е поголема во однос на истиот период од претходната година за 154,9%. Вкупните приходи се намалени за 2,6% и изнесуваат 158.315.406 денари. Оперативните приходи за првите три месеци од оваа година изнесуваат 158.008.541 денари и се намалени за 2,6% а финансиските приходи се 306.865 денари и се зголемени за 51,3%, објаснуваат од АД Европа преку Македонска берза.

АД Европа „најслатки“ бројки има од извозот во странство кој е зголемен за околу 17 милиони денари и сега изнесува 91,4 милиони денари. Македонскиот бренд за чоколади има мал пад на домашниот пазар со продажба вредна 72,2 милиони денари или за 2 милиони денари помалку од лани, но тоа не влијаеше премногу на севкупната добивка. Најголемо намалување кај оперативните расходи има во стапката услуги со карактер на материјални трошоци и тоа за 3,5 милиони денари помалку во однос на К1 2016, стои во неконсолидираниот финансиски извештај.

- Расходите за трите месеци се намалени за 4,2% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 154.014.977 денари. Оперативните расходи за првите три месеци од оваа година изнесуваат 152.936.389 денари и се намалени за 3,8%, а финансиските расходи се 1.078.588 денари и се намалени за 41%. Намалувањето на расходите за 95,8 индексни поени допринесе добивката да се зголеми за 154,9%, стои во образложението на АД Европа. 

Лани АД Европа имаше позитивен квартал, но со оданочена добивка од 1,5 милиони денари, за сега да стигне до „чиста“ добивка од 3,8 милиони денари. 2016-та АД Европа ја заврши со вкупна оданочена добивка вредна 25,3 милиони денари, па останува да видиме дали со овој прв позитивен квартал може да ја достигнат, па дури и надминат вкупната годишна добивка.

Во продолжение прочитајте повеќе и за потенцијалната смена на Сава Димитрова од позицијата претседател на управниот одбор на АД Европа.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа