Ацевски за работењето на Лидија Димова: Државна ревизија не може да има на европските пари
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020
Максим Ацевски, главниот државен ревизор, во интервју за „360 Степени“ синоќа рече дека ДЗИ нема надлежност да го испита работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност., затоа што само мал дел од буџетот таму е финансиран од државата.
Директорката Лидија ДИмова е на тапет по доделените спорни грантови кои наидоа на осуда во јавноста, иако и таа излезе со свои аргументи да ги образложи. Владата во моментов бара од Управниот одбор на Агенцијата да ја разреши.
„Побарав да се направи целосна анализа за вкупните приходи, расходи, средства доделени од ЕУ. Констатирано е дека агенцијата располага со 13 сметки и во суштина од Буџетот за 2019 година добила некаде околу 359 илјади евра. Врз овие пари ДЗР има мандат да изврши ревизија. Но, оние средства кои беа посочени од Еразмус+ го обезбедивме изворниот договор склучен помеѓу агенцијата и ЕК. Во тој договор јасно пишува кој има мандат да прави ревизија, односно тоа е Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ или Европскиот суд за ревизија. Во еден од параграфите на тој договор пишува „или некоја друга институција доколку ЕУ пренесе мандат“. Во овој случај, ако ЕК пренесе мандат и право да извршиме ревизија ние со задоволство би го направиле тоа. Меѓутоа во услови каде имаме ограничување на мандатот и каде јасно пишува кој може да врши ревизија врз тие средства ние не можеме да извршиме равизија без разлика дали некој не прозива“, рече Ацевски синожа во студиото на Алсат ТВ.
Според него, 359 илјади евра од Буџетот се незначителни во споредба со 6,3 милиони евра доделени како грант од ЕК.
Работењето на АД ЕСМ не било под државна ревизија веќе девет години, а Ацевски најави дека следната недела тоа прашање же биде разгледано кога ќе се одредуваат приоритетите за ревизија во следниот период.„Секако дека е нелогично меѓутоа затоа еве, можам да кажам дека за некаде една недела во рамките на Државниот завод за ревизија ќе биде донесена одлука за одредување на стратешки приоритети коишто ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период. Поаѓајќи од тие стратешки цели се надевам дека АД ЕСМ ќе биде предмет на ревиизија, односно ќе биде предвидено со годишната програма за 2021 година“, рече главниот државен ревизор.