17 Мај, 2024
0.0370

Арамович си купи зграда за 750 милиони долари

Објавено во: Стил 29 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Рускиот милијардер , сопственикот на „Челзи“, Роман Абрамович, направи ште една зделка. Од компанијата на милијардерот Millhouse објавија дека се при крај со договорот за купување на московскиот бизнис центар  „Бели градини". Износот на трансакцијата е 740 милиони долари , што значи дека тоа е втората најголема зделка на овој пазар во Москва, по купувањето на О1 Properties за 1 милијарда долари. Бизнис центарот кој Абрамович го купува е со вкупна површина од речиси 105 илјади квадратни метри , од кои 62.3 илјади канцелариски простор и 2,7 илјади - комерцијален. Уште 38 илјади квадратни метри зазема подземна гаража за 960 автомобили. До моментов сите учесници во трансакцијата, како и посредникот Jones Lang LaSalle се откажале од понатаможни коментари, јавија руските медиуми . Според експерти во секторот договорот е исклучително поволен за Абрамович , бидејќи новоизградениот комплекс се уште не е исполнет  , но кога тоа ќе се случи цена ќе се зголеми до 1 милијарда долари . Роман Абрамович го зазема 13-то место во листата на Forbes со сметка тешка 10,2 милијарди долари. Меѓу главните средства на бизнисменот се Millhouse , фудбалскиот клуб Челзи , удел во металуршкиот Evraz Group ( 34,6 % ) и Highland Gold ( 32.6 % ) .