16 Мај, 2024
0.0267

9,9 денари за минута за повици од странство и поволни роаминг податочни пакети

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Во пресрет на празниците и сезоната на зимски одмори Вип на своите припејд и постпејд корисници им овозможува разговори од странство кон сите мрежи во Македонија по цена од 9,9 денари за минута. За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#).  Промоцијата  започнува од денес и трае сѐ до 28. февруари 2015 и е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на Вип, без дополнителни трошоци за активација. Можноста за ваков вид на разговори е достапна во преку 160 земји. Освен разговори од странство за  9,9 денари минута, корисниците на Вип оператор ќе можат безгрижно да сурфаaт при престојот во која било земја во Европа.  Преку активирање на Vip Roam Surf S пакетот со коj за 399 денари, корисниците добиваат 20МB мобилен интернет во странство или Vip Roam Surf M пакетот со кој добиваат 50МB за 699 денари, a можат да ги користат во текот на 30 дена од моментот на активација.  По искористување на интернетот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат да продолжат да сурфаат по значително намалени цени или да извршат повторно активирање на еден од понудените пакети. Пакетите можат да се активираат од земјава или од странство, преку СМС на бројот 140 999, со текст START SURF M или START SURF S во зависност од избраниот пакет. Дополнително,  за корисниците што зимскиот одмор ќе го поминат во некоја од земјите од Телеком Австрија Групацијата, Вип нуди и интернет роаминг пакети со 10 пати повеќе вклучен сообраќај преку партнерските оператори во Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Лихтенштајн. Овие пакети може да се активираат со испраќање СМС порака на 140999 со текст START SURF 200 за пакет од 200 MB за само 399 денари или СМС порака на истиот број со текст START SURF 500 за пакет од 500 MB за само 699 денари. Повеќе информации и детали за овие поволности, како и за целокупната понуда на Вип, корисниците можат да ги добијат на бројот 077 1234 или на веб страната www.vip.mк  

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“