18 Мај, 2024
0.0259

Еден полн автобус најбогати луѓе, „тежи“ колку половина свет сиромашни

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Општата состојба на 85- те најбогати луѓе е еквивалентна на онаа на половина население на светот, или 3,5 милијарди од најсиромашните луѓе , покажува новиот извештај од Oxfam. Во својот извештај , насловен како "Да работиш за малкумината", организацијата се фокусира врз степенот на економска нееднаквост во светот, создадена од брзо растечката состојба на богатите , предупредувајќи за големите ризици , на кои се изложува " прогресот на човештвото". Според извештајот, во последната година, 210 лица станале милијардери , приклучувајќи се кон елитната група од 1.426 луѓе со општа состојба, еднаква на 5.4 трилиони долари. Состојбата на најбогатиот 1 % од луѓето во светот во моментов изнесува 110 трилиони долари, што е 65 пати повеќе од онаа на најсиромашната половина од човештвото. "Оваа огромна концентрација на економски ресурси во рацете на малкумина претставува значителна закана за политичките и економските системи , " се вели во извештајот. "Наместо да напредуваат заедно, луѓето се повеќе се поделени од економска и политичка моќ , што неизбежно ја зајакнува социјалната тензија и го зголемува ризикот од јавен колапс". Извештајот беше објавен пред започнатиот, подоцна оваа недела, Светски економски форум во Давос , а од Oxfam ги повикуваат светските политички и бизнис водачи, кои ќе присуствуваат, да обрнат внимание на прашањето за се поизразената нееднаквост. Според Oxfam, во светот постојат многу закони и рестрикции , кои имаат за цел да профитираат богатите. Студија на организацијата во шест земји ( Шпанија , Бразил , Индија , Јужна Африка , Велика Британија и САД) покажува дека повеќето луѓе сметаат дека законите се прават во корист на богатите. Од Oxfam ја посочуваат како пример Индија , каде што во изминатата деценија бројот на милијардери се зголемил од помалку од 6 до 61 . Така во земја со население од 1,2 милијарди, неколку десетици луѓе имаат состојба од 250 милијарди долари. Според Oxfam, повеќето милијардери во Индија го стекнале богатството од индустрии, каде што профитот зависи од пристапот до оскудни ресурси , "што станува исклучително и само преку државна дозвола и од таа причина има склоност кон корупција".   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков