29 Април, 2024
0.0295

ФОТО: Најдобрите автомобилски саеми во светот

Објавено во: Стил 04 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Секоја година во различни делови на светот се одржуваат изложби на кои автомобилските компании ги претстават најновите модели и концепти. Погледнете десет од најпрестижните автомобилски саеми: 10. AutoRAI, Амстердам Се одржува во Амстердам на секои две години. Местото е комплексот Amsterdam RAI, а се организира од 1900 година наваму. Оваа година се одржа помеѓу 2 и 14 април. 9. Барселона Barcelona International Motor Show се одржува на секои 2 години. Тука се одржуваат и работилници, кои даваат совети на луѓето поврзани со автомобилите и мотоциклите. Овој саем на автомобили се одржува од 1919 година. 8. British International Motor Show, Лондон За првпат е одржан во 1903 година и од тогаш се прави на секои 2 години. Сепак последен пат беше оджан во 2008 година, а во 2010 и 2012 беше поништен поради рецесијата во земјата. 7. Auto Expo, Њу Делхи Тоа е најголемиот саем во Азија и вториот најголем саем за автомобили во светот. Првиот настан беше организиран во 1986 година, а последниот во 2012 година. Следниот саем за автомобили ќе биде во 2014 година. 6. Tokyo Motor Show, Токио Се спроведува еднаш на две години, обично во октомври или ноември. Ова е изложба на која се презентираат најмногу концепти, а за првпат е спроведено во 1955 година. 5. North American International Auto Show, Детроит Се спроведува секоја година и обично е во јануари во Cobo Center. За прв пат е организиран во 1907 година и учествува речиси сите автомобилски производители. 4. Salon International de L 'Auto, Женева Се спроведува секоја година, а обично се прави во комплексот Geneva Palexpo. За прв пат е организиран во 1905 година. Во 2012 година беше неговото 82-ро издание. 3. European Motor Show, Брисел Се спроведува еднаш на 2 години, а за прв пат беше отворено во 1902 година. Во јануари 2012 година беше неговото 90-то издание. 2. Mondial de L 'Automobile, Париз За првпат се одржа во 1898 година и се смета дека тоа е прв ваков саем во светот. Во последните години се одржува во комплекс Paris Expo во Версај и обично е во октомври. 1. Internationale Automobil Ausstellung, Франкфурт Се смета за најголемиот саем во светот, а се оджува во комплекс од 12 згради. На последното издание имало 1.000 компании-изложувачи. Оваа година ќе се одржи меѓу 10 и 13 септември.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти