18 Мај, 2024
0.0272

Вонредни инспекции, казни и за директорката и за градинката „Детска радост“!

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Парични казни, но и разрешување и кривична пријава за директорката на градинката „Детска радост“ , поради загрозување на здравјето на децата ќе изрече Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова се случува неколку дена по труењето со храна на 13 деца сместени во градинката, каде децата јаделе храна со фекални бактерии. За „Детска радост“ изречена е казна од 5.000 евра , додека со 500 евра ќе се казни и директорката поради непочитување на стандардите и квалитетот на храната, сопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој информираше дека и пред повеќе од еднa година имало одредени недоследности во работењето на градинката во однос на стандардите, квалитетот на храната и условите за работа. „Дополнително од страна на инспекцијата за детска заштита при Министерството за труд и социјална политика извршен е повторен надзор и ќе бидат изречени парични казни. Согласно Законот за детска заштита, казната е во висина од 500 до 1.000 евра,“ рече Спасов кој побара градоначалникот да иницира постапка за разрешување на директорката на градинката. Утврдено е неколку пати непочитување на стандардите и квалитетот на храната во градинката и поради тоа се преземаат вакви строги санкции против одговорните лица и во останатите институции да не се случи повторување на ваква појава. Спасов најави и вонредни контроли за да се утврди дали секаде се почитуваат стандардите и да се преземат соодветни мерки. Ваквата мерка синоќа ја најави владата на вечената седница и побара мерка за вонреден инспекциски надзор во сите градинки и училишта. . Во клонот „Сончоглед“, во градинката во Автокоманда з13 деца имаа симптоми на труење, при што кај три е утврдено присуство на бактерија салмонела.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата