48-годишен пациент од Тетово – нов случај на инфициран со листерија
Објавено во: Економија 26 Јули, 2014
Денеска е регистриран упте еден случај на листерија во Тетово. Се работи за 48 годишен тетовец кој што е хоспитализиран на Инфективната клиника. Неговата здравствена состојба е стабилна.
-Денеска ја добивме оваа потврда од Микробиолошката лабораторија дека и кај овој пациент станува збор за листерија, рече Никола Тодоров, министер за здравство.
Поради опасната бактерија, досега, на клиниките во Скопје беа примени седум пациенти, од кои четири завршија со смртни последици.
Бактериското заболување листериоза најчесто настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија. Заболувањето, кај лица со подобар имунитет, поминува со полесна клиничка слика. Листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печена и варена храна (над 70 степени целзиусови).