18 Мај, 2024
0.0318

40 компании на саемот на на турски производи

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Oд денеска до сабота на Скопскиот саем oколу 40-тина компании од Турција ќе ги презентираат своите производи пред македонските потрошувачи.

На Саемот присуствуваат компании од областа на текстилот, козметиката, земјоделството, логистиката, туризмот, градежништвото, образованието, како и фирми производители на апарати за домаќинство.

На денешното официјално отворање, заменик-амбасадорот на Турција, Синан Ерен изрази надеж дека саемот ќе биде можност да се промовираат високото ниво и стандарди на турските производи во Македонија и основа за соработка меѓу компаниите.

- Меѓу Турција и Македонија постојат извонредни политички односи, а од друга страна соработката на полето на трговијата и инвестициите не е одраз на вистинскиот потенцијал на двете држави. Кај двете страни постои желба да се доведат трговските и инвестициските односи на посакуваното ниво, истакна Ерен.

Според директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо, саемот е потврда за традиционално добрите односи и соработка меѓу Македонија и Турција.

Тој посочи дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија и оти постојано се вбројува меѓу првите 10 земји во однос на трговската размена и инвестициите.

- Иако има простор за подобрување, сепак континуирано имаме подобри резултати. Во првите осум месеци од годинава, Турција е на осмо место на листата земји со најголем обем на трговска размена, а според бројот на странски инвестиции во изминатите 15 години има удел од 3,9 проценти во вкупните странски инвестиции што ја вбројува меѓу првите топ 10 земји инвеститори во Македонија. Во првите шест месеци од оваа година, Турција е веќе на третото место според обемот на инвестиции кои влегле во Македонија, нагласи Мизо.

Трговската размена меѓу Македонија и Турција е во постојан подем и во првите осум месеци од годинава забележан е раст од околу 10 проценти во споредба со истиот период лани.

Саемот е отворен од 10 до 18 часот, а влезот е слободен.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата