17 Мај, 2024
0.0290

30 дневен притвор за милијардерот Мишковиќ и за неговиот син

Објавено во: Балкан 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Доцна синоќа,  судијата на специјалниот суд им одреди 30 дневен притвор на Мирослав Мишковиќ, неговиот син Марко, Мило Ѓурашковиќ и уште четворица осомничени за малверзации. Притвор заработија и  Зоран Михајловиќ, Дејан  Јевтиќ, Ристо Ристиќ и Рашо Здравко. Од слобода ќе се бтанат Милутин Гашевиќ, Зоран Каитовиќ и Предраг Филиповиќ. По завршувањето на сослушувањето вчера околу 20.30 часот обвинителството  нареди истрага против сите десет осомничени, предводени од страна на сопственикот на Делта холдинг, под сомневање дека со злоупотреба на службената должност извлекувале пари од претпријатијата за патишта и незаконски се здобиле со сума од  околу 30 милиони евра. Како што синоќа изјави обвинителот, Миљко Радосављевиќ,  Обвинителствотото предложило 30 дневен притвор за сопственикот на „Делта холдинг“  Мирослав Мишковиќ, неговиот син, Марко Мишковиќ, сопственик на „Нибенс група",  и уште петмина од останатите  осомничени замалверзации при приватизацијата на патните претпријатија. За двајца од осомничените, поранешниот на  директор на Нишкото претпријатие за патишта  Милутин Гашевиќ и Зоран Михајловиќ обвинителството не побара притвор, туку само забрана за напуштање на државата како и одземање на пасошите, појасни  Радосављевиќ. Во делот на исказите на осомничените, обвинителот за српските медиуми изјавил главно дека сите ги негирале наводите изнесени во кривичната пријава, но  и дека Обвинителството сега е сигурно оти  постои основано сомневање за сторено кривично дело за кои тие се обвинети. Последен беше сослушан сопственикот на „Делта холдинг“, Мирослав Мишковиќ, а пред него вчера во Јавното обвинителство биле сослушани и неговиот син Марко инаку сопственик на „Нибенс група“, како и сопствениците  на „Шер корпорација“ и на „Претпријатие за патишта Ниш“  , додека завчера пред истражните органи излегоа и останатите седуммина осомничени за злоупотреба на претријатието за патишта.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години