14 Мај, 2024
0.0295

250 операции на отворено срце кај бебиња - Клиниката за детска хирургија ќе оди и на повеќе

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На Клиниката за детска хирургија во рамки на Проектот за неонатална – детска кардиохирургија од 14 април 2013 година досега се направени 250 операции на отворено срце кај бебиња од кои најголем број на возраст под една година.

Ова го соопштија од Клиниката за детска хирургија од каде наведуваат дека проектот почнал пред четири години со ангажирањето на проф. д-р. Вилјам Новик и проф.д-р Марсело Кардарели во рамки на Cardiac Alliance Foundation, а продолжил од јануари годинава под водство на проф. д-р Слободан Илиќ од УДК Тиршова, Белград.

Од Клиниката посочуваат дека во изминатите четири години била остварена соработка и со проф. д-р Мила Стајевиќ од Институт за мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ” од Белград, како и со проф. д-р Мајкл Хублер од Универзитетската клиника за детска кардиохирургија од Цирих.

Во тек на овие четири години покрај операциите на отворено срце, биле направени и повеќе од 30 интервентни и дијагностички катетеризации (дијагностика, балондилатации, атрио-септетомии…). Во рамки на проектот се оперираат сите вродени детски кардиопатии вклучително и оние најсложените. Најмалиот пациент е опериран само неколку дена по раѓањето и имал 1,8 килограми.

Македонскиот тим, истакнуваат од Клиниката, самостојно изведува околу 70 отсто од преоперативниот, оперативниот и постоперативниот дел од лекувањето на децата со вродени срцеви аномалии.

– Менаџментот и понатаму ќе го подржува и помага како инфраструктурно, така и кадарно овој проект, со цел да се оформи комплетно обучен македонски тим кој ќе биде стручно независен и компетентен во третманот на овие деца, изјави директорот на Универзитетската Клиника за детска хирургија, Ристо Симеонов.

Според хирургот Владимир Чадиковски, кој го предводи македонскиот тим, бројот на операции секоја година се зголемува 20-30 отсто, со цел да се достигне планираната бројка од 100-120 деца годишно.

– Во периодот од 1994 до 2002 година кога сите деца беа препраќани за оперативен третман во странство, само за илустрација, починати се 215 деца со срцеви мани кои не добиле шанса за третман. Овие бројки ја потврдуваат тежината и важноста на овој проект. Мојата цел за наредниот период ќе биде третманот на предвремено родените деца зависни од механичка вентилација поради отворен дуктус артериосус. Во Македонија во последните 4 години за жал не е изведена ниту една ваква интервенција. Многу е важно да се подобри дијагностиката кај овој тип на патологија, за навремено решавање на истиот проблем, рече Чадиковски.

Втората цел, појаснува, е подигање на свеста и информираноста на бремените жени кај кои пренатално е виден плод со срцева мана по 25 гестациска недела (не се однесува на фетуси со пренатално потврдени тешки синдромски нарушувања).

– Кај огромен број на бремени жени е направен фетоцид (умртвување на плод со високи дози на калиум) кај фетуси коишто по направена хируршка корекција би имале добра прогноза и нормален живот – додаде Чадиковски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“