23 повредени во протестите во Приштина
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2015
Во досега најмасовните протестите во Приштина, Косовската полиција информира дека биле повредени 23 лица, а приведени се 20. Околу 7000 лица, вчера во главниот град на Косово, протестираа со поради состојбите во металуршкиот комбинат Трепча и со барања за оставки на министрите Александар Јаблановиќ и Хашим Тачи. Полицијата интервенираше со солзавец, откако дел од демонстрантиѕе почнаа да фрлаат камења кон згрдата на Владата.
Незадоволството кулминира зашто најголемото претпријатие во тој регион е главно под српска конторла.