18 Мај, 2024
0.0329

2035 година: Русија се уште е најголем извозник на нафта и гас

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во 2035 година Русија ќе продолжи да биде најголемиот извозник на нафта и природен гас, прогнозираат од Бритиш Петролеум (БП) . Извршниот директор, Роберт Дадли и главниот економист на БП Кристоф Рул, го претставија годишниот извештај на компанијата World Energy Outlook . Според прогнозите, утврдени во извештајот, Русија ќе продолжи да биде најголем извозник на нафта и природен гас и во наредните 20 години , а можеби и потоа. " Обемите на добивката од нафта во Русија се релативно стабилни и со времето непречено растат. Сметаме дека трендовите во таа насока ќе продолжат. Според наши проценки , според обемот на добивка на тешка нафта , во 2035 година, Русија ќе го зазема второто место во светот " , забележува Рул . Во 2035 година производството на електрична енергија во Русија ќе порасне за 21% , како што потрошувачката ќе се зголеми за 20% . По 20 години, Русија ќе добива 11 милиони барели нафта и гас кондензат дневно , што годишно прави 548 милиони тони . За потсетување, во 2012 година биле извлечени 518 милиони , а во 2013 година - 523 милиони тони. Според проценките на БП во 2035 година добивката од гас во Русија ќе сочинува 79 милијарди кубни метри дневно , што прави 807 милијарди кубни метри годишно. За потсетување, во 2013 година земјата има изработено 672 милијарди кубни метри природен гас . Во 2035 година природниот гас ќе остане главен извор на енергија во Русија , но веќе ќе ги покрива потребите на земјата на 50% , а не на 54% како што е во моментов . Ова, поради растот во градежништвото на АЕЦ - 72 % раст до 2035 година , и ХЕЦ - 34 % раст до 2035 година , прогнозираат од БП.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков