05 Мај, 2024
0.0239

2 часа блокиран излезот кај Росоман, лозарите продолжуваат со протестите

Објавено во: Агробизнис 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Кавадаречките лозари денеска, од 13 до 15 часот, го блокираа излезот од Росоман кон Скопје, Кавадарци и Прилеп. Најавениот протест беше организиран поради нивното незадоволство од продажбата на винарската визба „Винеа“. Визбата беше продадена за 1,25 милиони евра, иако според нив, визбата вреди многу повеќе. Сега тие стравуваат дека нема да успеат да си ги земат парите од предаденото грозје и не се согласуваат со практиката  прво банката да си го наплати долгот. Како што побара Љупчо Аризанов, претседателот на „Агротиквешија”, решението за продажба треба е да се поништи. „Винаријата е продадена, а ние како доверители не влегуваме во редот на оние кои треба да бидат исплатени. Подмирени се само две доверителски куќи и банката. Сакаме да го смениме тоа“, изјави Аризанов. Лозарите од  „Винеа“ побаруваат над 600 илјади евра за предаденото  грозје во последните три години. Веќе е поднесен приговор на одлуката за продажба до Основниот суд во Кавадарци и се чека одговор. Според најавите, денешните блокади кај Росоман се само почеток на нивното јавно изразување на незадоволство поради случувањата со „Винеа“. Тие информираа дека секојдневно ќе се блокираат патишта, а времетраењето ќе се зголемува се додека не се реши нивниот проблем.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?