18 Мај, 2024
0.0279

15 трикови кои ќе ве направат уште побогати

Ви нудиме 15 трикови кои успешните луѓе ги користат за да го зголемат своето богатство

Објавено во: Финансии 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во денешната дигитална ера луѓето се заинтересирани се повеќе како можат да станат успешни во финансиски план и со иновативни начини да ги променат нивните животи. 

Ви нудиме 15 трикови кои успешните луѓе ги користат за да го зголемат своето богатство. 

1. Престанете да гледате на часовникот

Ако се фокусирате премногу врз тоа колку ви плаќаат на час, ќе работите долги часови до крајот на животот. Земете поука од „четиричасовната недела“ на Тим Ферис и започнете да размислувате за тоа како можете да добиете пари за остварените резултати, а не за своето време. Така ќе бидете мотивирани да работите поинтелигентно, а не подолго. 

2. Не бегајте од себе-промоција

Никогаш нема да создадете база на клиенти, ако не ги прашате луѓето за вашиот производ. Рекламата понекогаш изгледа како манифестација на дрскост, но всушност е клучен дел од бизнисот. Користете социјални мрежи, реклами во локалните медиуми и други маркетинг методи за да си го промовирате името. 

3. Престанете да го мешате богатството со создавање на впечаток за богатство

Видете го својот буџет и елиминирајте ги несуштинските трошоци. СПА процедурите, скапи ресторани, шопинг во луксузни продавници и неискористените карти за фитнес се вишок, кој може да го уништи вашето финансиско здравје. 

4. Заработете пари од своите таленти 

Ако имате уникатна вештина, можете да создадете бизнис врз основа на талентите. Дали сте способен програмер со визија за создавање и развој на компанијата или имате уникатен стил и сакате да создадете сопствена линија производи, користете ги талентите, страстите и способностите за да заработите пари.

5. Земете си ментор

Џејмс Вилкинсон, извршен директор и претседател на Pamco Machine Works во Калифорнија, препорачува „да откриете успешен човек во вашата индустрија и да побарате совет од него“. „Бидете смели, напишете му мејл или јавете му се директно. Замолете го да ви помогне да решите одреден проблем, да ви даде совет или да стане ваш ментор“, советува Вилкинсон.  

6. Давајте повеќе 

Не ја правете грешката со тоа што ќе мислите дека алчноста е еднаква на раст и дека успехот треба да дојде за сметка на другите. Помагајте им на луѓето, откако ќе им давате дел од вашето време, сослушајте ги и покажете великодушност. Споделувајте го со задоволство успехот со луѓето. Ќе создадете повеќе можности за успех, ако освоите сојузници, а не непријатели. 

7. Сопрете со желбите, наместо тоа, поставувајте си цели 

Богатите луѓе не дозволуваат нивниот успех да се базира на надежи. Тие работат напорно за постигнување на јасно дефинирани цели. Поставете си цели за следната недела, месец, шест месеци и потоа. Одредете цели и обележете ги малите чекори кои треба да ги преземете за да ги постигнете. Добриот календарски систем е од корист. 

8. Приспособувајте се додека гоните цели 

Иако е важно да сте ангажирани со проектот, исто толку потребно е да може да се утврди кога да го приспособите планот или дури да ја промените крајната цел. Ако развивате апликација и почнувате да гледате потреба од промена, променете го правецот, не се плашете да го менувате фокусот, ако тоа ќе значи долгорочен успех. 

9. Расчистете ги бескорисните информации и ослободете повеќе простор во вашиот мозок

Одредено количество хаос е дозволено кај „креативните умови“, но во даден момент непотребни податоци почнуваат да го одвлекуваат вниманието, без разлика дали го сфаќате тоа или не. Испразнете го основниот работен простор, за да имате место за своите мисли. Ќе се изненадите колку попродуктивни можете да станете во „прочистена соба“.

10. Одредете ги потребите и измислете решенија 

Ако некогаш сте си мислеле: „Посакувам да имаше производ кој ќе можеше ...“, почнете да мислите како да ги претворите идеите во реалност. Ако утврдите потреба, други луѓе можат да вложат пари за наоѓање на решение на истиот проблем. 

11. Прифаќајте критики 

Не бидете премногу горди да прифатите совет или критика. Секогаш е пријатно да слушате критики, но не се обесхрабрувајте од нив, учете од критиките, а напредокот ќе ве натера да се чувствувате одлично. Користете ги критиките за да ве мотивираат да го подобрите уште повеќе својот бизнис модел. 

12. Поставувајте прашања 

Богатите луѓе ги турка напред желбата да учат и да се развиваат. Со поставувањето на многу прашања може да учат од грешките и искуствата на другите луѓе, да се здобијат со знаење во својата област и да создадат силни врски со луѓето. 

13. Престанете да ја обвинувате лошата среќа за неуспесите 

Ако не можете да ги искористите предностите на успесите, треба да почнете да ги искористувате предностите на неуспесите. Успехот е повеќе состојба на умот отколку статус. 

14. Парите нека работат за вас

Направете парите да работат за вас, откако ќе инвестирате на берзата, во заеднички фондови, недвижности или други алатки кои можат да ви помогнат да создадете богатство. Ако вие и вашите пари работите во исто време, можете да заработите пари уште побрзо. 

15. Поврзете се со други успешни луѓе 

Комуницирањето со успешни луѓе е прекрасен начин да преземете чекори кон создавање на богатство. Создавањето на врски со влијателни луѓе може да ви помогне да стигнете до повеќе клиенти. Освен тоа, можете да дознаете за богатството и бизнисот од докажани професионалци.


Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат