16 Мај, 2024
0.0286

13 браќа и сестри кои беа држени од родителите гладни и врзани за прв пат, се сретнаа со модерниот свет

Објавено во: Свет 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Монструозните родители од Калифорнија, Дејвид (56) и Луис Турпин (49), кои со години ги држеа затворени и ги мачеа своите тринаесет деца, се појавија на судскиот претрес во петокот. За прв пат адвокатите кои ги претставуваат нивните седум деца откриле како тие се опоравуваат и гледаат кон иднината.

Децата на возраст од 2 до 29 години биле спасени од нивниот дом во Пери пред речиси шест недели, а еден извор открил на  „CBS news“  дека шестте помали деца биле распоредени во две згрижувачки семејства додека седумте возрасни се во блискиот здравствен центар, каде што имаат пристап до сè што не го запознале досега.

"Сето ова е ново искуство за нив, особено тешко сфаќаат дека и тие имаат права и дека нивното мислење е почитувано", рече адвокатот Џек Озборн, кој заедно со Калеб Мејсон ги претставува постарите деца.

Како што вели адвокатот, во здравствениот центар, тие имаат и уреден двор каде што можат да вежбаат или да спортуваат.  Исто така, како дел од терапијата, некои од нив учат да свират на гитара. За првпат после долго време насмевката е вратена на нивните лица, тврди директорот на медицинскиот центар.

Откако поминаа долги години затворени, понекогаш и врзани за кревети и не нахранети, сега се слободни да донесуваат свои одлуки. Адвокатите посочуваат дека сега сакаат да одат на плажа, во планините, да гледаат филмови, а исто така забележуваат дека изразиле желбата за учење и вработување.

"Тоа е голема и значајна работа, нивната можноста да одлучуваат што да читаат, што да облечат , што да прават .... сето тоа се одлуки што ги носат секој ден и тоа ги охрабрува", вели Озборн


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?