120.000 евра народни пари за џез и за музика од светот: Министерството за култура ја објави годишната програма
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020
Министерството за култура одобри 7,5 милиони денари (над 120.000 евра) на Установата за уметнички дејности „Скопски Џез Фестивал Скопје“ за реализирање на двата фестивала кои традиционално се под организациска „капа“ на Оливер Белопета. Конкретно, парите се наменети за популарните културно-уметнички манифестации „Скопски џез фестивал“ и за „ОФФест“.
За 39-то издание на „Скопски џез фестивал“, комисијата која одлучуваше за распределба на средствата од областа на музичката и музичко-сценската дејност, одобри пет милиони денари, а 19-то издание на „ОФФест“ ќе биде потпомогнато со два и пол милиони денари народни пари.
За останатите резултати од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година можете да се погледне на Женски Магазин.